Американски бомбардер се урна при слетување!
Американски „Стелт“ бомбардер Б-1 Лансер се урна при слетување во сојузната држава Јужна Дакота. Четворица членови на екипажот, вообичаено стационирани во воздухопловната база Елсворт, безбедно се катапултираа.
Несреќата се случила околу 17:50 часот по локално време. Екипажот бил во мисија за обука, соопшти воздухопловната база Елсворт. Во моментот на несреќата видливоста била слаба, а температурите ниски.
Б-1 е конвенционален суперсоничен бомбардер кој делумно користи „стелт“ технологија, која драстично ја намалува нејзината радарска рефлексија и ја прави донекаде „невидлива“. За прв пат стапи во употреба во 1980-тите. Се користеше во азиско-пацифичкиот регион и за спроведување мисии за воздушна поддршка во операциите на САД во Авганистан.
Во 1994 година, САД го елиминираа Б-1 од потенцијалните нуклеарни мисии. Иако воздухопловните сили не потрошија дополнителни средства за одржување на нуклеарните капацитети, Б-1 сè уште се сметаше за тежок бомбардер опремен со нуклеарно оружје до 2007 година.
Првично беа изградени 100, но сега помалку од 60 се во служба во воздухопловната база Дајс во Тексас и во воздухопловната база Елсворт во Јужна Дакота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…