Албанец се обидел да шверцува над 8 килограми марихуана и оружје во Македонија
Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција.
– Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско огнено оружје „Скорпион“ со муниција. Истите беа спакувана во две вреќи и ставени во патнички торби. Возилото е запрено во близина на Поградец а крајната дестинација на заплента била Македонија, стои во полициското соопштение.
Се додава дека акцијата е дел мерките изготвени во рамки на оперативниот план „Владеење на правото“, за спречување, откривање и сузбивање на граничниот криминал.
Ова не е прв обид за шверц на марихуана од албанска на македонска триторија, од овој дел на Албанија, но најчесто нарко-шверцерите тоа се обидуваат да го направат со чамци преку Охридското Езеро.
Неодамна полицијата од Поградец запленети околу 30 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана со рибарски чамец, а на сопственикот за транспорт на дрогата требало да му платат по 500 евра по килограм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Албанската полиција ги отстрани знамињата на УЧК…
Организацијата на воени ветерани на ОВК реагираше…
Албанија 1997 VS 2025: Драстична промена, Тирана…
На социјалните мрежи се споделува видео од…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…