Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ!

t

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство од сабајлево вршат вонреден надзор во Македонска навигација (М-НАВ) по физичкиот напад што се случи вчера кон еден од контролорите на летање во зградата на оваа институција.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека испратени се инспектори од делот за обезбедување и од делот за безбедност со цел да се соберат сознанија што точно се случило и дали евентуално настанало загрозување на безбедноста од било кој аспект.

Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање – ССКЛ денеска извести за безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на Контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица кои го нападнале контролорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Обвинетите за хаосот во М-НАВ добија условни…

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…