Објавено на:

Десетте најплатени спортисти во 2023 заработиле – милијарда долари!

t

Голем број фактори имаа влијание во изминатите години за растот на заработката кај спортистите, па така „Форбс“ за 2023 година објави дека десетте најдобро платени спортисти оствариле добивка од вкупно 1,11 милијарди долари пред да се одземат пари за даноци и провизија кај менаџерите, а тоа е раст од 12 отсто во однос на минатата година и само 5 отсто во однос на претходниот рекорд во 2018 година од 1,06 милијарди долари.

Во 2018 година на врвот заврши Флојд Мејведер со 285 милиони долари, односно втор наплатен спортист во историјата на „Форбс“, но оттогаш до сега се случи пад, па годинава на врвот се наоѓа Роналдо со 136 милиони долари.

Португалецот е на врвот со 136 милиони долари, и тоа 46 милиони од плата и бонуси, како и 90 милиони од останати активности, додека зад него се наоѓа Лионел Меси со 130 милиони од кои 50 отсто заработил на теренот, а останатите 50 надвор од него. Во топ-3 има место за уште еден фудбалер, а тоа е Килијан Мбапе кој на теренот доби дури 100 милиони долари, а надвор од него дополнителни 20 милиони.

Веднаш зад фудбалерите, на четвртото место се наоѓа Леброн Џејмс со заработка од 119,5 милиони долари, односно 44,5 милиони од плата и бонуси, додека останатите пари ги добил од инвестиции и останати активности надвор од кошаркарскиот паркет, а на петтата позиција се наоѓа Канело Алварез со 110 милиони долари, и тоа 100 милиони заработени во рингот, а останатите 10 милиони надвор од него.

Во топ-10 има место и за голферот Дастин Џонсон (107 милиони), како и неговиот колега Фил Мајкелсон (106 милиони), по што следи Стеф Кари со 100,4 милиони долари. Можеби едно од изненадувањата е Роџер Федерер кој е пензиониран и заработи дури 95 милиони надвор од терените, а листата на „Форбс“ се завршува со Кевин Дуран со добивка од 89,1 милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…