ШОК ЗА ГРАЃАНИТЕ: Пасошите без ,,северна” нема да важат по 12 февруари – за личните карти и возачките дополнително ќе се одлучува!
Пасошите нема да важат по 12 февруари, без разлика на рокот на истекување, а за личните карти и возачките дозволи ќе треба дополнително да се одлучува со оглед дека граѓаните сѐ уште чекаат термини, објави порталот Скопје1.
„Скопје1“ дознава дека институциите размислуваат да донесат одлука со која, валидноста на личните карти и возачките ќе бидат продолжени за уште неколку месеци.
Одлуката која моментално е на сила, истекувањето на важноста на документите да биде до 12 февруари. Ова е промена која ја наметнаа уставните измени. Процесот на промена на документи не одеше брзо за граѓаните. На пунктовите во Скопје секојдневно има гужви. Граѓаните се плашат дека без документи нема да можат да функционираат, односно да вршат институционална идентификација, подигнуваат пензии и плати.
Од МВР велат само дека документите треба да се променат. На реакциите дека има гужви по пунктовите, а нема ниту доволно термини, велат дека прават сѐ за секој граѓанин да добие документ навремено.
„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи. Покрај редовното работење со закажан термин, овозможивме и фотографирање за лични документи без закажан термин во ПС Пролет. Што се однесува до подигнувањето на веќе готови документи, шалтерите работат и преку викенд и тоа соодветно го најавуваме преку медиумите за граѓаните да бидат информирани кога и каде можат да подигнат документи“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…