„ЗАЛАДЕНИ ОДНОСИ МЕЃУ КОЛЕГИ, ШТО НЕМААТ ВРСКА СО ДУИ“: Партијата пере раце од насилството во М-НАВ

t

„Демократската унија за интеграција силно ја осудува секоја форма на насилство. Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас. Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност. Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот“ – се вели во реакцијата на ДУИ во врска со настаните во македонската котрола на летање.

„Инцидентот, кој се обидуваат неправедно да ѝ го припишат на ДУИ е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.

Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика. Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.

Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“ – се вели во соопштението на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…