Пендаровски: Силно го осудувам насилничкото однесување во М-НАВ
Претседателот Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-Нав од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории, велат од кабинетот на шефот на државата за ТВ 24.
Оттаму потенцираат дека Претседателот ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-Нав кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај. “МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-Нав, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на притивправните дејствија треба да се земе в предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, велат од Вилата на Водно.
Претседателот Пендаровски уште еднаш, се вели во ставот за тв 24, нагласува дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…