Машко првото бебе годинава во Крива Паланка, градоначалникот му додели подароци од општината

t

Градоначалникот на Крива Паланка му додели еднократна парична поддршка од 5 илјади денари на првото новороденче во Крива Паланка годинава. Во Крива Паланка 10 години не работи породилиштето во здравствениот дом, па новороденчињата се раѓаат во општата болница Куманово, или во Скопје, на ГАК.

-На овој убав ден го посетивме првото бебе родено во Крива Паланка годинава, Матеј, втора рожба во семејството Славевски. Им посакуваме здравје, среќа и долговечност на дечињата, а за целото семејство изобилство убавини, рече градоначалникот Сашко Митовски.

Матеј Славевски се роди на трети јануари, како второ дете во семејството што го има две години постариот син, Зафир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…