Додик: Американските авиони немаат дозвола да летаат над БиХ на 8 јануари
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека не е официјално информиран оти американските борбени авиони Ф-16 ќе летаат над Босна и Херцеговина на 8 јануари. Тој нагласи дека официјално бил запознат дека за тоа немаат согласност од Претседателството на БиХ, пренесе Бета.
„Кога веќе се тука, веруваме дека со своето присуство ќе го поддржат одбележувањето на Денот на Република Српска“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.
Три американски авиони, од кои два ловци Ф-16, на 8 јануари ќе ја надлетаат територијата на Босна и Херцеговина, објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba).
Засега јавноста не ги знае причините за тие летови или рутата на движење, но се претпоставува дека прелетите ќе бидат извршени во знак на партнерството меѓу Босна и Херцеговина и Соединетите Американски Држави, се наведува во текстот. .
Сараевскиот портал наведува дека летовите на три американски авиони над Босна и Херцеговина ќе бидат извршени ден пред Денот на Република Српска, 9 јануари, што Уставниот суд на Босна и Херцеговина го оцени за неуставен.
Свечената академија по повод Денот на РС е најавена на 8 јануари во спортската сала „Борик“ во Бања Лука, по што е предвиден и свечен прием во Административниот центар на Владата на РС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…