Објавено на:

Лазаров ги одбра јунаците со кои ќе проба да изненади на ЕП 2024 во Германија!

t

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го дефинираше списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на Европското првенство (ЕП) во Германија, кое го почнуваме на 10 јануари со дуелот против Франција во Диселдорф.

Тоа значи дека отпадна само едно име од играчите кои тренираа изминатиот период и тоа левото крило на Пелистер, Цветан Кузманоски. Ова значи дека македонскиот стручен штаб на континенталниот собир ќе патува само со еден ракометар на оваа позиција, Петар Атанасијевиќ, која ако затреба може да биде пополнета и со Иван Џонов.

Македонија првата средба ќе ја одигра на фудбалски стадион на кој се очекуваа да дојдат и до 55.000 ракометни вљубеници. Потоа следуваат пресметките со Германија (14 јануари) и Швајцарија (16 јануари), кои ќе ги одиграме во Берлин. Пласман во следната рунда ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја група.

МАКЕДОНИЈА НА ЕП: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…