Сопствениците полуделе: Оставиле 4.000 долари за мајсторот, кучето ги изело парите
Куче гладно за пари ги полуде сопствениците откако изеде 4.000 долари што ги оставиле за да му платат на мајстор.
Сесил, златен дудл (мешавина од ретривер и пудлица) од Пенсилванија, стана популарен на Интернет затоа што џвакаше плик полн со пари. Клејтон и Кери Лоу успеале да ги залепат повеќето од искинатите пари, додека Сесил ги повратил поголемиот дел од парите кои ги изел. Успеале да ги сменат парите во банка, но останале без 450 долари.
Иако биле бесни на Сесил, тие воедно биле и загрижени за неговото здравје, но ветеринарот ги смирил, велејќи им дека нивното алчно куче ќе биде добро.
На почетокот на декември, Клејтон Лоу оставил плик со 4.000 долари за мајсторот кој им правел кујна во домот во Питсбург, Пенсилванија. Тој и неговата сопруга морале да му платат на изведувачот, но околу половина час подоцна, бил шокиран кога открил дека неговото куче уживало во најскапиот оброк во својот живот, оставајќи расфрлани парчиња искинати пари.
Сепка, на крајот успеале дел од парите да залепат, оние кои ги повратил, па собрале едвај 450 долари, кои им ги прифалите во банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…