Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!
Премиерот Димитар Ковачевски во свое и име на Владата упати честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото и до сите граѓани кои денеска празнуваат.
„Раѓањето Христово – Божиќ, секоја нова година, симболизира нов почеток и со тоа отвора нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела, што носат добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со храбри чекори напред, како што покажува и Христовото дело, можеме да го постигнеме посакуваниот спокој и да осигуриме просперитет.
Божјата светлина нека засвети во сечие срце. Нека поттикне љубов, почит, грижа и разбирање дека на секој човек му се дадени овие универзални вредности, преку коишто може, треба и има лична одговорност да учествува во создавањето перспективен свет за сегашните и иднинте генерации.
Овој празник нека ги осветли со надеж и со радост сите домови.
Посакувам празничните денови да ги поминеме во добро здравје, меѓу саканите, во мир и благослов.
Христост се роди! Честит Божиќ!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…