Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

t

На 7 јануари Божиќ слават припадниците на црквите кои се водат според јулијанскиот календар. Меѓу нив е и Македонската православна црква. Дел од православните христијани слават според грегоријанскиот календар.

Меѓу славните личности кои слават два Божиќа или само на 7 јануари се:

Ким Кардашијан, која има ерменско потекло, слави и на 7 јануари, но и на 25 декември, со оглед дека со семејството живеат во САД. Џенифер Анистон е уште една позната личност која слави на денешен датум. Таа има грчко потекло и иако денес Грчката црква слави Божиќ на 25 декември, се уште има припадници кои го следат јулијанскиот календар.

Том Хенкс го прифати православното христијанство благодарение на сопругата Рита Вилсон. Вилсон е ќерка на мајка од Грција и татко муслиман од Бугарија кој го прифатил православието.

Моделот Наоми Кемпбел исто така слави според православните обичаи бидејќи го има прифатено православното христијанство. Слично и фронтменот на Депеш Мод, Дејв Гејан, го прифатил православието од својата сопруга.

Актерот Кристијан Бејл исто така припаѓа на православното христијанство, додека пак во домот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се слават двата датума.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…