Објавено на:

Јапонија ќе ја поддржи Украина со 37 милиони долари

t

За време на посетата на Киев, јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава и вети на Украина поддршка во нејзината континуирана одбрана од руската агресија.

-Јапонија ќе плати 37 милиони долари во фондот на НАТО, изјави вчера Камикава на заедничката прес-конференција со нејзиниот колега Дмитро Кулеба, пренесуваат украинските медиуми.

Таа посочи дека овие пари потоа ќе бидат од корист за воздушната одбрана на Украина и ќе се влеат во системите за откривање дронови.

Русија со месеци ја бомбардира соседната земја со големи борбени напади со беспилотни летала.

Јапонија ја поддржува Украина во нејзината борба против руската инвазија, која трае речиси две години, а исто така воведе санкции против Русија во согласност со Западот.

Претходникот на Камикава Јошимаса Хајаши и јапонскиот премиер Фумио Кишида исто така ја посетија Украина на разговори пред неколку месеци. Сепак, пацифистичкиот устав на земјата не и дозволува на Јапонија самата да испорачува оружје на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска ја поддржа Украина: Руската агресија ја…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера ја прими…

„Фајненшл тајмс“: Г7 размислува за заем од…

Сојузниците на Вашингтон од Г7 го разгледуваат…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…

Нова заканувачка изјава на Медведев: НАТО нѐ…

Во случај Украина да користи ракети со…