Галант најави „интензивна фаза на војната“
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска најави дека војската на земјата влегува во следната фаза од војната во северниот дел на Газа, велејќи дека ќе премине од „интензивната фаза на војната“ на „различни видови на специјални операции“.
-Блиску сме до следната фаза на север, вклучувајќи го и градот Газа, каде израелските сили во голема мера воспоставија контрола, рече Галант во интервју за Волстрит журнал.
Тој изјави дека израелските сили треба да го „земат предвид“ огромниот број цивили кои загинаа како резултат на офанзивата во Газа.
Според него, израелската армија ќе мора соодветно да ја прилагоди својата тактика.
-Ќе биде потребно извесно време, но нема да се откажеме, рече Галант.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…