Објавено на:

(Фото) Извртени возила и камиони: Вака изгледа автопат во Србија!

t

Автопатот низ Србија од Белград па се до границата со Хрватска е целосно под снежна покривка и изгледа вака, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој од вечерва најавува вистинска зима со снег и температури до -10.

-Студот допрва доаѓа на Балканот, а вечерва пристигнува и во Македонија!

Извртени возила, камиони, луѓе излезени од автомобилите, ова е денешната глетка од автопатот кој од Белград води кон Хрватска.

-Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат  и под нулата.

Во Скопје  исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.

Пред нас е значително постуден период  и вистинска зима, а уште поголемо заладување очкуваме од сабота, пишува Славчо Попоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…