Европската унија сака да формира своја комбинирана армија?!
Европската унија треба да формира своја комбинирана армија која би можела да игра улога во одржувањето на мирот и спречувањето на конфликти.
Ова денеска го оцени министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.
Во интервју за италијанскиот весник Стампа, Тајани изјави дека поблиската европска соработка во областа на одбраната е приоритет за партијата Форца Италија што ја предводи, пренесува Ројтерс.
„Ако сакаме да бидеме мировници во светот, потребна ни е европска армија. Тоа е основен предуслов за спроведување на ефективна европска надворешна политика“, рече Тајани.
Според него, во свет со моќни играчи како Соединетите Американски Држави, Кина, Индија и Русија, со кризи од Блискиот Исток до Индо-пацификот, италијанските, германските, француските или словенечките граѓани можат да бидат заштитени само со нешто кое веќе постои, а тоа е Европската Унија.
Тајани, исто така, рече дека 27-члената ЕУ треба да го рационализира своето раководство и да воведе единствено претседателство наместо сегашните претседатели на политичките структури како што се Европскиот совет и Европската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…