Не се почитуваат одредбите: Инспекторите за еден месец пишале 18 казни за пушење во затворен простор

t

Во Македонија може да се пуши само во надворешните тераси, но добар дел од угостителите не ги почитуваат одредбите од Законот за заштита од пушењето.

Од Државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ информираат дека само минатиот месец инспектори извршиле 130 надзори низ кафеаните низ Македонија каде што акцентот бил ставен во почитување на Законот за заштита од пушење.

Евидентирани биле 18 прекршувања со што во државниот буџет се слеале над 25.000 евра од казни.

Според Законот, за пушење во затворен простор во угостителски објект, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…