ИЗВРТЕНИ ВОЗИЛА И КАМИОНИ, АВТОПАТОТ НИЗ СРБИЈА Е ЦЕЛОСНО ПОД СНЕГ: Студот и снегот од вечерва и во Македонија!
Автопатот низ Србија од Белград па се до границата со Хрватска е целосно под снежна покривка и изгледа вака, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој од вечерва најавува вистинска зима со снег и температури до -10.
-Студот допрва доаѓа на Балканот, а вечерва пристигнува и во Македонија!
Извртени возила, камиони, луѓе излезени од автомобилите, ова е денешната глетка од автопатот кој од Белград води кон Хрватска.
-Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.
Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини. Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…