Или Владата ќе ги разреши директорите или ќе биде затворено небото над Скопје

t

Денес е денот „Д“ за М-НАВ – или ќе бидат разрешени директорите, или Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје, изјави за Дојче веле , претседателот на Синдикатот на М-НАВ Александар Тасевски пред одлуката на Владата, која што на седница се очекува да го каже крајниот збор околу случувањата во М-НАВ, откако директорите коишто беа прозвани од синдикатот, сами не поднесоа оставки на своите функции.

-Оставките се логична последица на случувањата од минатата недела, кога се случи упад и физички напад во Контролата на летање, што резултираше со кривична постапка против неколку лица.Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно покажуваат дека и во Владата не им е битно ништо освен фотелјите – вели Тасевски за ДВ.

Тој дополнува дека имаат поддршка и зад ваквиот став стојат сите вработени.

-Ако успееме во тоа – тогаш овој чекор ќе биде поука за секој оној којшто ќе дојде на челото на М-НАВ – вели Тасевски.

Тасевски во саботата изјави дека Контролата на летање е институција која што е од државно безбедносен карактер и во нормални земји, упадот во Контрола за летање би се сметал веројатно за тероризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…