Посета на висока саудиска делегација – Скопје до сабота под посебен сообраќај
На територијата на Град Скопје, од денеска до сабота, ќе се спроведува посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах бин Мухамед ал Шеик, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на главниот град.
Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите и насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…
Силно невреме со град поголем од лешник…