Објавено на:

Ни доаѓаат ледени температури кои ќе одат до -10 степени

t

Во среда во западна и југозападна Европа под влијание на поле на низок воздушен притисок ќе преовладува нестабилно време со локални врнежи од дожд, а во крајните североисточни предели со врнежи од снег. Во останатите предели од Европа доминација на поле на висок воздушен притсок кој што ќе условува стабилно и студено време со спуштање на дополнителна поларна воздушна маса која што ќе се проширува над стариот континент.

На Балканскиот полуостров ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и студено време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 01 до 11 степени.

Во Македонија во среда ледено утро со појава на умерен мраз и пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -9 до -2 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и многу студено време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне до 20 км/ч. Максималната дневна температура во Македонија утре ќе достигне до -2 односно до 6 степени.

Во Македонија во четврток и петок ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 до -3 односно од -9 до -2 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 односно од -2 до 6 степени. Во сабота и недела во Македонија ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 односно -3 односно од -13 до -6 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Максималните дневни температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во интервал од -1 до 7 односно од 1 до 9 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…

На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…

На 8 ноември 1906 година, во штипско…

Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…

Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…