Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Струковиот синдикат на контролори на летање

t

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Кабинет на претседателот на Република Македонија

На средбата претседателот Пендаровски ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата. Во оваа насока, претседателот Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Истовремено, претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…