Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, за еден денар се намалуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека за половина денар поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг.

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…

Силно невреме со град поголем од лешник…