Објавено на:

Блинкен: 90% од населението во Газа се соочува со недостаток на храна

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека секојдневното страдање на цивилите во Газа, особено на децата, е превисоко и предупреди дека 90 проценти од населението во Газа се соочува со недостаток на храна. Истовремено, тој рече дека според САД тужбата на Јужноафриканската Република (ЈАР) против Израел за геноцид во палестинската енклава Појасот Газа е „неоснована“.

Конфликтот во неделата влезе во четвртиот месец и, и покрај бројните дипломатски напори, се чини дека крајот не е на повидок, со предупредување од ОН за катастрофални услови за живот на населението на опколената територија.

Блинкен, чија земја е главен сојузник на Израел, му ја потврдил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху својата поддршка за правото на Израел да спречи повторување на нападот од 7 октомври, истовремено инсистирајќи на „важноста да се избегне понатамошна штета на цивилите“ во Газа, информира Стејт департментот.

 Цената што ја плаќаат цивилите во Газа секој ден, особено децата, е превисока – рече Блинкен на прес-конференција, истакнувајќи дека палестинската територија треба да добие „повеќе храна а и нема повеќе вода, нема повеќе лекови“.

Блинкен го повика Израел да престане да презема дејствија што ја поткопуваат способноста на Палестинците сами да управуваат со себеси.

Војната меѓу Израел и Хамас беше предизвикана од напад без преседан на терористичката организација од Појасот Газа на 7 октомври на израелска територија во кој загинаа околу 1.140 луѓе, главно цивили.

Како одмазда, Израел, кој се закани дека ќе го уништи Хамас, кој е на власт во Појасот Газа од 2007 година, почна офанзива на палестинска територија, со масовни бомбардирања и копнени операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел не е вазална држава, во…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок…

Oчајна слика во Рафа: Палестинците во обид…

Семејството Ансеир ги натовари своите скудни работи…

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Протести во Тел Авив, Израелците бараат ослободување…

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи…

Бајден: Прекин на огнот во Газа е…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во саботата…