Во втората половина на февруари ќе знаеме дали Пендаровски „ќе трча“ за втор мандат!

t

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „Тема на денот” на ТВ Сител изјави дека максимум во втората половина на февруари ќе се изјасни дали ќе се кандидира за втор претседателски мандат.

„Сѐ  додека имам поддршка од граѓаните во еден солиден број, не стравувам од ниту еден политички субјект и затоа немам потреба никому да се додворувам во таа смисла”, изјави претседателот Пендаровски на прашањето дали стравува дека нема да добие поддршка од ДУИ. 

Запрашан за коментар за анкетите коишто се спроведуваат, претседателот изјави дека неговиот личен рејтинг не е битно променет во изминативе четири години, што според него не е лоша работа ако во текот на мандатот не изгубите од вашиот рејтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…