Се покажа дека со М-НАВ не се менаџирало добро, а судот треба да ја преиспита одлуката, порача Петровска
Инцидентите и и реакциите на синдикатите покажаа дека со М-НАВ недоволно добро се менаџирало и се раководело, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска одговарајќи на прашањето како ги коментира последните случувања во Македонска навијгација.
„Компромис со работи кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните но и на оние луѓе ширум светот, не смее да има“, порача таа.
Запрашана како ја коментира одлуката на судот, Петровска рече дека лично таа не се сложува со истата.
„И мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката , не сакам да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, но мислам дека целата оваа ситуација треба посериозно да ја сфатат, ќе имаат дополнително време“, рече Петровска како што пренесе Макфакс.
Прашана за реакциите од страна на НАТО, Петровска потврди дека од таму биле поставувани прашања за тоа што се случува, но дека официјална реакција барем до МО, како што рече, засега нема.
„Но секој вид на комуникација ние го сметаме, за, се разбира можеби не загриженост, но заинтересираност за тоа што се случува и тоа е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден на аеродромот во Скопје слетаа два авиони од НАТО земји членки“, информираше Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…