Петровска за М-НАВ: Не би вршела притисок на судот но да сум на нивно место би ја преиспитала одлуката за притвор

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава за медиумите истакна дека не се меша во работата на судот, меѓутоа смета дека треба да се преиспита одлуката на Кривичниот суд да не определи мерка притвор за напаѓачите кои влетаа во М-НАВ и предизвикаа инцидент минатата недела.

– Јас уште минатата недела имав реакција, односно изјава за медиумите во врска со случувањата во М-НАВ. Консултација премиерот направи со мене и со ресорниот министер за транспорт и врски и изјавата беше дека компромис со безбедноста на македонското небо не смее да има и впрочем и вчерашната седница на Владата покажа, дека она што го најавивме, даден е предлог од страна на претседателот на Владата за разрешување и денеска беа поставени нови директори. Ќе бидам многу поконкретна за случувањата во М-НАВ, изминатите денови имаше различни толкувања за тоа што се случува, дали станува збор за ндоразбирање помеѓу двајца колеги или за нешто повеќе. Јас нема да навлегувам во тоа што навистина се случило, затоа што не сум била присутна на лице место во тој момент, но она што можам да го кажам како министерка за одбрана, е дека во ниту една институција на државата, особено не институциите кои се дел од критичната инфраструктура на државата, М-НАВ е институција во која се изведуваат специфични задачи, таму е потребна сконцентрираност и посветеност на она што значи нивна задача и нивна надлежност. Ваков тип, па дури и да станува збор за недоразбирање меѓу двајца колеги, е недозволиво.

Од тие причини, таквите појави и однесувања и на вработените и реакциите од синдикатите покажаа дека со таа институција недоволно добро се менаџирало и се раководело. И од тие причини беше поднесен и предлогот за разрешување на директорите. Како што реков, компромис може да бараме за многу работи, но компромис со безбедноста на македонте граѓани и безбедноста на граѓаните ширум светот нема! И оттука сме должни сите ние, и јас како министерка и сите останати кои сме носители на вакви функции да гарантираме дека во институциите ќе владее пеофесионализам, вели министерката.

Според Петровска ќе треба да се преиспита одлуката на судот да не определи мерка притвор за напаѓачите.

– Во однос на коментарите на судот и одлуките кои ги донесоа, лично јас не се сложувам и мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката. Не сакам апсолутно од позиција на министер да влијаам на одлуките на судот но мислам дека во целата оваа ситуација треба малку посериозно да ја сфатат, убедена сум дека МВР одлично ќе си ја заврши и ја заврши до тука својата работа, меѓутоа треба да се имаат предвид севкупното законодавство во Република Македонија и меѓународно преземените обврски, вели Петровска.

Министерката истакна дека НАТО е заинтересирано за овие случувања и дека не смее да се прави компромис со безбедноста и на македонските граѓани, но и на останатите луѓе.

– Кога зборуваме за НАТО не треба да заборавиме дека и ние сме НАТО, комуникацијата секојдневно е на различни нивоа. Дека имало прашања во рамките на тоа што се случува, апсолутно да, официјална писмена реакција барем до МО досега немало, меѓутоа секоја загриженост е легитимна. Во тој момент на тој ден на Аеродромот во Скопје слетаа два авиони на НАТО членки со определена намена, од тој аспект јасен е интересот на НАТО за ова. Многу е важно, што и да се случи, да постои реакција и соодветно постапување. Владата го заврши својот дел од задачата, ги разреши директорите, сега ги повикуваме останатите институции да ги завршат професионално своите задачи во интерес на јавноста.

Се разбира, јас сега од позиција на министер, кој во делот на одбраната има четири синдикати со кои досега успешно ги водиме разговорите, јас би ушатила пел до Синдикатот. Во овој период што ни следи, претстојат два изборни циклуци, да се трудиме додека сме на позициите да се залагаме за решавање на проблемите без притоа да ги политизираме прашањата. Секое прашање, вклучително и ова, заслужува да биде дискутирано и третирано и да има реакции, но апелирам политичките партии да не влијаат и да не ги злоупотребуваат синдикатите ниту сега, ниту во иднина, а апсолутно дијалогот меѓу работодавачите и работниците мора да постои, вели министерката.

На прашањето дали смета дека постои политички мотив во делувањето на Синдикатот, Петровска одговори:

– Јас само испратив апел до сите синдикати, не само до овој, да бидат професионални, да се борат за правата на работниците, но ова е апел политиката да се држи на страна од овие случувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Обвинетите за хаосот во М-НАВ добија условни…

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…