Државниот инспекторат за труд утре ќе го објави извештајот за трагедијата во фармата во светиниколско
Извешатајот за трагедијата во која почина 45 годишен работник, а неговиот колега се бори за живот, која се случи на 8 јануари во свињарската фарма во светниколксото село Амзабегово ќе биде објавен и презентиран на јавноста во текот на утрешниот ден, најави директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Весна Томовска.
Во текот на вчерашниот ден Томовска рече дека при инспекцискиот надзор починатиот работник немал респираторна заштита.
-Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, изјави вчера за миа Томовска.
Според првичните информации несреќата се случила кога починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. На лице место починал, а неговио 53 годишен колега кој притрчал да му помогне е извлечен и е хоспитализиран на Клиниката за токсикологија во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…