Автомобилски марки кои се најпопуларни на балканот – прочитајте
Оваа година беше спроведена и студија за популарноста на одредени марки на автомобили.
Студијата ја спроведе австралискиот „Compare the Market“ користејќи податоци од „Google Trends“ и презентирајќи податоци за трите најпродавани брендови во 155 земји во светот.
На самиот врв нема промени, што значи дека Toyota и понатаму е најпопуларна марка. Таа е број 1 во 64 земји во светот. Сепак, изненадувањето е на второто место, а тоа е новодојдената Tesla со титулата најбаран бренд во 29 земји во светот. Tesla го помести BMW, кој моментално е најпопуларен во 26 земји, на третото место.
Интересно е што сите останати марки значително заостануваат, па Audi е најпопуларен во седум земји, а Mercedes во само шест.
Интересно е да се види што бара балканскиот регион. Македонија е лојална на германската премиум тројка, исто како и Косово. Трите најпопуларни брендови во Хрватска се BMW, Audi и Tesla, како и во Србија.
Слични интереси важеа и за БиХ, Црна Гора и Словенија, но со Audi како број еден во првите две земји и BMW како најинтересен за Словенците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија и продавала оружје на Украина
Српското Министерство за одбрана објави дека „во…
Драстичен пад на цената на нафтата по…
Пазарот на нафта реагираше со наголем пад…
Израел: Се согласуваме на примирје
Владата на Израел утрово потврди дека го…
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано…
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за…
Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста…