Претседателот на Синдикатот си призна: И татко ми работеше во М-НАВ

t

Претседателот на Синдикатот на М-НАВ преку Фејсбук објава се заблагодарува на премиерот Димитар Ковачевски бидејќи како што вели тој конечно некој ги слушнал барањата на синдикатот и контролорите на летање. Тој во обраќањето се осврнува и на наводите за непотизам во М-НАВ и вработување на блиски роденини.

„Што се однесува до инсинуациите за семејни вработувања и непотизам, во конкретниов случај посочен јас и моето семејство, стојам на располагања, на сите институции, и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство, и кај нас. Како дел од нив, би напоменал многу-бројни обуки во ЕУРОКОНТРОЛ, центри за обука за контролори на летање во Америка, почетното школо за контрола на летање во Белград, постојани проверки на теоретско и практично знаење и способност, лиценци за инструктор и за испитувач…“, пишува Тасевски.

Тој додава дека неговото образование започнало многу пред М-НАВ дури и да постои како компанија, во далечната 1993та година.

„Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев “принуден” да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер“, додава Тасевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…

Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…