Германија одобри извоз на противвоздушни ракети во Саудиска Арабија

t

Владиниот портпарол Штефен Хебестрајт во денешното соопштение го потврди извештајот на неделникот Шпигел дека германскиот Совет за безбедност составен од германскиот канцелар Олаф Шолц и други министри на крајот од минатата година одобрил извоз на 150 противвоздушни ракети Ирис-Т.

Претходната влада предводена од канцеларката Ангела Меркел воведе забрана за извоз на оружје во Саудиска Арабија по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година.

Вестите за дозволата за испорака на ракетите Ирис-Т доаѓаат откако министерката за надворешни работи Аналена Бербок во неделата изјави дека Германија е отворена за испорака на повеќе авиони Еурофајтер, изградени од мултинационален конзорциум, кој го вклучува Берлин, на Саудиска Арабија.

Во нивниот коалициски договор од 2021 година, сегашните владејачки партии рекоа дека нема да одобрат извоз на оружје во земјите „директно вклучени во војната во Јемен“.

Хебестрејт во понеделникот рече дека Шолц го дели мислењето на Бербок, додавајќи дека го преиспитал влијанието на таканаречената „Јеменска клаузула“ врз Саудиска Арабија во однос на случувањата во тој конфликт.

Тој исто така укажа на, како што го нарече, „многу конструктивниот став“ на Саудиска Арабија кон Израел по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и рече дека саудиските воздухопловни сили собориле проектили истрелани кон Израел од јеменските бунтовници Хути. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…