Антикорупциска ќе бара Уставниот суд да го преиспита балансерот при вработување: Етничката припадност е основен податок за распределба на работно место
Треба да се провери дали балансерот, како алатка при вработувањата треба да се укине или да се најде можност да се спречи злоупотребата, затоа што етничката припадност е основен податок при вработување. Дали балансерот ја исполнува целта и дали по негова примена по 20 години веќе е надминат и треба да се укине. Токму затоа, како што соопштуваат од Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд да ги преиспита законите во кои е содржана алатката балансер.
Во однос на балансерот, според ДКСК, иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.
„Ваквата примена на оваа алатка, каде што етничката припадност е основен податок за распределба на работно место, се коси со мерит-системот, ја нема вредноста за која била наменета и се злоупотребува доведувајќи до ризици од трговија со влијанија, коруптивно однесување и создавање политички клиенти на партиите“, велат од ДКСК.
На денешната седница членовите на ДКСК гласале и да се иницира до Уставниот суд да ја оцени законитоста и колизијата со други закони на Законот за преземање административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а од Владата да побара извештај за спроведувањето на овој закон со кој институциите треба да прифатат т.н. рамковни вработени кои нераспределени добиваа плата, а седеа дома.
„Не е познато дали е законот сè уште во примена и дали се веќе распределени предвидените лица за преземање во државните институции затоа што Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците не ѝ одговорило на ДКСК со податоци, а, како што беше посочено, и натаму продолжува да објавува нови огласи“, се вели во соопштението од Антикорупциската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…