Приходите по основ на царина пораснале за 10,3 отсто во 2023 година

t

Приходите по основ на царина пораснале за 10,3 отсто во 2023 во однос на претходната 2022 година и изнесуваа 9,1 милијарда денари, соопшти директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Тој исто така соопшти дека Царинската управа учествува со 43 отсто во вкупните приходи на Буџетот на Република Македонија.

Раст има и по основ на приходите од акциза кои во 2023 година биле 32,4 милијарди денари, односно 5 отсто повеќе откоку во 2022 година. Значителен раст има и на приходите од данок на моторни возила. Во 2023 година биле собрани 2,2 милијарди денари или за 46,7 отсто повеќе од 2022 година.

Вкупните приходи кои ги наплатила Царинската управа во 2023 година изнесуваат 117,9 милијарди денари, средства кои се слеваат во Буџетот и се еден од главните извори за инвестиции во здравство, образование, инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…