Лазаров: Против Германија да одиграме (по)добро и да уживаме на теренот!

t

„По Франција, играме со уште една светска ракометна велесила. Германците покажаа на првиот натпревар дека се сериозни кандидати најмалку за полуфинале. Веројатно никој не веруваше дека ќе ја победат Швајцарија со 13 разлика, но уште еднаш се покажа дека и со недостаток на квалитет, со голем ентузијазам и борба, може да се победи, дури и со поголема разлика.

Очекувам против нас една мотивирана Германија, Берлин има ракометна публика и тоа ќе биде мотив за ракометарите да се покажат во што подобро издание, без разлика на името на противникот. Ние против Франција одигравме квалитетни 40-тина минути. Не треба да бидеме задоволни од тоа, но треба да ги задржиме добри работи, а да ги намалиме техничките грешки и секако да одиме на контакт игра, на повеќе прекини со што ќе ја смириме нивната игра.

Свесни сме дека не очекува еден цврст натпревар, но размислуваме позитивно, особено јас сум оптимист дека можеме да парираме и да бидеме компетитивни. Треба да се подготвиме индивидуално и ментално, играчите да го издржат притисокот од трибините во текот на сите 60 минути, а тоа не е лесно. Ова е големо искуство за нашите играчи, јас донекаде ги разбирам и покрај моите и барањата на целата нација дека сакаме добри резултати против фаворитите. Ние веруваме, а ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на терен. Имаме три дена пауза, одморивме и ментално и физички, ќе се обидеме да играме добар ракомет и да уживаме на теренот“, вели селекторот на македонската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…