Крај на една ера: Данската кралица Маргарет Втора денеска ќе абдицира
Данската кралица Маргарет Втора денеска ќе ја потпише својата абдикација, а околу еден час подоцна нејзиниот најстар син ќе биде прогласен за крал на Данска Фредерик X.
Илјадници луѓе се очекува да се соберат денеска во центарот на Копенхаген за да бидат сведоци на овој историски момент за една од најстарите монархии во светот, јавува АП.
Кралицата Маргрета (83) ќе стане првиот дански монарх кој доброволно ќе абдицира во речиси 900-годишната историја на данското кралство.
Таа официјално ќе ја потпише својата абдикација на состанокот на државниот совет, по што нејзиниот син престолонаследник Фредерик (55) автоматски ќе стане новиот дански монарх, кралот Фредерик X.
Повикувајќи се на здравствени проблеми, данската кралица на новогодишната ноќ објави дека ќе се повлече од тронот, со што ја изненади нацијата која очекуваше Маргарет Втора да остане на тронот до крајот на животот, традиција во данската монархија.
Маргарета минатиот февруари имаше тешка операција на грбот и беше надвор од должност до април.
Дури ни премиерката Мете Фредериксен не беше свесна за намерите на кралицата до итно објавување на одлуката за абдицирање.
Кралицата за својата одлука само три дена претходно ги известила синот Фредерик и неговиот помлад брат Јоаким, објавија данските медиуми, повикувајќи се на извори во кралската палата.
„Кралицата е на тронот повеќе од 50 години и таа е исклучително почитувана и популарна личност, па луѓето не го очекуваа ова и беа шокирани“, изјави експертот за данското кралско семејство Томас Ларсен.
Последен пат дански монарх доброволно абдицирал од тронот бил во 1146 година, кога кралот Ерик III Лам абдицирал за да стане монах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…
Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…
Во Данска ќе се оди во пензија…
Данска се очекува да има највисока возраст…
Данска ја бојкотира Кока-Кола
Данските потрошувачи ја бојкотираат Кока-Кола поради потезите…
Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на…
Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари…
Данска ќе го брани Гренланд со воена…
Данска денеска објави дека ќе потроши 14,6…