Лајчак ќе се сретне со Вучиќ и Курти во Давос

t

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби во Давос, на маргините на Светскиот економски форум, што почнува утре, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано.


Тој за Танјуг изјави дека Лајчак ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос и дека ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, при што прецизирал дека тоа ќе бидат одделни средби со секој од нив и дека нема да има трилатерална средба.
„Нема да има заеднички/трилатерален состанок за дијалог, вклучително и состанокот на високо ниво (секогаш организиран од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој нема да биде во Давос оваа година), кој обично се одржува само во Брисел“, изјави Стано

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) За конкретни инвестиции ќе почекате, Мицкоски…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес во…

Трамп: Имав многу добар состанок со Зеленски,…

Доналд Трамп, претседателот на САД, денеска изјави…

Орбан: Одам во Давос на покана на…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека…

Зеленски денес во Давос, ќе се обратат…

Претседателот на Украина оди во Давос додека…

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата…

Добар ден Македонијо, повторно од овде во…