Објавено на:

Ѓоковиќ го пофали младиот Хрват: Игра одлично, ќе направи многу големи работи во иднина!

t

Четири часа и една минута траеше натпреварот од првото коло на Австралија опен меѓу Новак Ѓоковиќ и хрватскиот тинејџер Дино Прижмиќ. Двојно постариот Новак имаше само пофални зборови за момчето од Сплит.


Новак Ѓоковиќ го одигра најдолгиот меч досега на еден грен слем турнир кога беше во прашање првото коло, а тоа беше јасен знак дека Хрватот Дино Прижмиќ има квалитет за големи работи.
Неговиот прв настап на големата сцена го воодушеви и најголемиот во историјата на белиот спорт, кој не остана рамнодушен на се што беше прикажано на стартот на турнирот во Мелбурн, каде што ја брка својата 11-та титула и вкупно 25-ти Грен слем трофеј.

„Дино навистина одигра одлично. Особено во вториот и третиот сет, дури и во четвртиот кога успеа да наниже три гема по моето водство од 4:0. Покажа ментална и физичка сила. Многу ми се вртеше низ главата. И навистина немам ништо друго освен комплименти за неговата игра, од моментот кога стапна на теренот до моментот кога си замина. Тој максимално ја искористи секоја прилика, имајќи предвид дека има само 18 години и дека му е прв пат на некој голем турнир.Мислам дека дефинитивно ќе направи многу големи работи и ќе слушнеме многу добри работи за него во иднина“, рече Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…