Лазаров вели дека овој ростер е најдоброто од Македонија

t

По официјалниот прес по мечот со Германија, селекторот Кирил Лазаров, како по обичај собра сили за краток осврт пред македонските новинари. Некако како „дежа ву“ од дуелот со Франција дојде оваа средба со претставниците на седмата сила.

Лазаров го повтори истиот став – дека ни се случува повторно голем број на технички грешки и загубени топки во нападот, а против големите сили невозможно е да се успее така.

„Се сложувам дека ни се повторуваат истите работи како од мечот со Франција. Имавме многу лесно продадени топки во напад. Ако ништо друго сега барем имаше пожртвуваност и борбеност во одредени моменти. Мислам дека имаме проблем при игра ‘шест на шест’ со вакви репрезентации, многу лесно ги губиме топките и одиме кон пасивна игра. Со толку топки дадени во нивна рака и со таква игра не можете да ѝ парирате на една Германија. Иако на моменти париравме и дадовме сè од себе, сепак потрошивме сила и против Германија и против Франција, а на крајот резултатот е таков каков што е. Можеби имавме шанси за подобар скор во двата натпревари, но во овој момент двата противници се класа подобри од нас“, вели Лазаров.

Предводникот на македонската репрезентација смета дека имаме шанси за победа против Швајцарија, иако станува збор за квалитетен ривал кој ја изненади Франција и освои бод.

„Ако имаме шанса против некого да се бориме за победа, тогаш тоа треба да биде Швајцарија. Треба да ги средиме главите, да одмориме и утре да го подготвиме мечот и потоа да го дадеме нашето најдобро. Само така ќе се бориме за позитивен резултат со Швајцарија. Тие изненадија против Франција и извлекоа реми откако потфрлија против Германија. Јас верувам во изненадувања и победи без разлика со кого играме, но мора да веруваме во тоа што го работиме. Ние сме репрезентативци, ова е нашето најдобро од Македонија. Не сме тим или клуб. Мислам дека имаме квалитет и сила, ќе се обидеме да се прикажеме во позитивно светло“, кажа селекторот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…