Македонски дипломатски синдикат: Несоодветни лица се назначени за конзул во Њујорк и амбасадор во Будимпешта
Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) реагира на упатувањето дипломати во конзулатите и амбасадите на земјава во Њујорк и Будимпешта.
-Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, којшто од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул. Дополнително имаме информација и дека оваа недела Синани треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул. Ваквото забрзано полагање за унапредување од низок во висок ранг на дипломат е противзаконско и спротивно на сите принципи на кариерно напредување, кое што е во директна спротивност со на градењето квалитетна и сериозна дипломатија, се вели во соопштението.
Според нив, амбасадор во Будимпешта треба да биде извесен Илми Селами од Чаир, поради, како што велат, подигање на партискиот рејтинг на господинот Османи во населбата Чаир.
-Како дипломатски синдикат не се согласуваме со хипер партизацијата на дипломатијата и нејзина служба во приватни или партиски интереси, особено пред избори. Професионалните стандарди мора да бидат светост за секое идно раководство на МНР. Забележуваме дека министерот Османи забрзано ги упатува своите најблиски соработници во странство, па така повеќе директори и други политички личности се упатуваат за амбасадори надвор од законски уредената процедура (без презентирање на тезите пред собраниската комисија за надворешна политика), а речиси целиот негов Кабинет забрзано се празни и заминува на различни позиции во странство, што навестува дека актуелното раководство се подготвува за големи промени во Министерствоито за надворешни работи. Следното раководство на МНР треба да ја прекине ваквата пракса и да обезбеди континуитет на раководењето на нашата институција, наведено е во соопштението на МДС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…
Министерството за надворешни работи и дијаспора на…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Жерновски повикан на консултации во МНР
Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…