(Фото) Јелена Розга го најави својот мега концерт во Скопје, а вчера одвои и време за најверните свои фанови
Хрватската поп пејачка Јелена Розга вчера беше во Скопје каде го најави својот мега концерт кој ќе биде оддржан на 10-ти февруари во Арена „Борис Трајковски“. Популарната и шармантна Хрватица, вчера одвои и време за своите најверни фанови во ТЦ Диамонд Мол, каде подели без број насмевки, автограми, а се фотографираше и со секој нејзин фан.
Цели 27 години чекав на вакво нешто. Ваков спектакл, со играње, пеење, кореографии, танчери, костими…, рече меѓу другото хрватската пејачка Јелена Розга, која 27 години е меѓу омилените на балканската поп сцена. Секогаш насмеана, расположена, со некој посебен сјај во очите, Розга има мила ѕвезда која, едноставно ја плени публиката.
Во продолжение фотографии од вчерашното дружење на Јелена Розга со најверните нејзини фанови од Македонија.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…