Еден бивш министер си ја имаше вработено и бебиситерката во МНР, тврди Ковачевски

t

Тоа ќе морате да ги прашате тие што имаат некакви свои роднини вработени било каде. Јас имав свој принципиелен став во однос на М-НАВ. Министрите што имале роднини вработени го имаат кажано својот став. Јас не можам да кажам да бидам портпарол на семејства на други луѓе. Таа тема ако се отвори, тогаш ќе треба да проверите и во Академија на судии, кој се станува судија и обвинител, па да видите по министрества…Имаше еден бивш министер, кој сега е многу гласен, тој дури и бебиситерката си ја вработи во МНР, што му го чуваше детето, рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан за дел од вработените во М-НАВ, кои се во родниниски врски со членови на Владата.

Според претседателот на Владата, ваквата ситуација е карактеристика на едно општество во транзиција.

-Веќе доаѓа време кога професионализмот ќе биде најважен и најклучен. Оваа е држава која се разликува во однос на тоа пред 32 години. Сметам дека професионалците ќе ја водат во иднината и до полноправно членство во ЕУ, кажа Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Шуто Оризари.

Министерот Љупчо Николовски денеска истакна дека неговиот чичко бил вработен во М-НАВ уште пред тој да биде роден, додека за неговиот братучед кажа дека е школуван и стручен кадар, кој 20 години се има образовано во Кина, Јапонија и Словенија.

КОВАЧЕВСКИМ-НАВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серија дојави за бомби ги крена борбените…

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…

Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…