Објавено на:

Зеленски го повика Западот на обединет фронт против Москва

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос го повика Западот на обединет фронт против рускиот претседател Владимир Путин и повика на посилна поддршка за Киев за да не може Москва да не победи во војната,

Со оглед на тоа што некогаш цврстата воена поддршка на Западот за Киев сега се колеба поради политичките расправии во Вашингтон и Брисел, Зеленски рече дека Европејците мора да разберат дека плановите на Путин ја надминуваат војната во Украина, пренесува Ројтерс.

Поради неподготвеноста на Западот да и помогне на Украина и стравот од ескалација на војната со Русија, се губи време, а тоа би можело да го продолжи конфликтот за неколку години. Путин е олицетворение на војната, тој нема да се промени. Мора да се промениме на ниво да не победи лудилото што живее во главата на тој човек или кој било друг агресор“, рече Зеленски.

Речиси две години по почетокот на руската инвазија, украинскиот претседател нагласи дека силно се противи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии.

„Путин е предатор кој не се задоволува со замрзнати производи“, рече Зеленски во Давос, во време кога Киев повторно зазеде одбранбена позиција, откако минатата година контраофанзивата не успеа да ги пробие руските линии на окупираните територии, пишува агенцијата Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…