Макрон: Европа и Франција мора да ја спречат победата на Русија
Париз ќе продолжи да испорачува оружје на Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон и најави намера да го координира за време на посетата на Киев во февруари. Тој посочи дека Европејците и Французите ќе мора да донесат нови одлуки за да ја спречат победата на Русија.
„Заедно со испораките на оружје и договорите што ќе ги финализираме, планирам да ја посетам Украина во февруари. Ќе објавам завршување на работата на овие текстови, ќе започне испораката на оружјето за кое зборував“, рече Макрон на прес-конференцијата.
Тој објасни дека Париз се подготвува да достави 40 ракети „скалп“ и „стотици бомби“ на властите во Киев. Во тој контекст, тој најави индустриски успеси кои ќе и овозможат на Франција да и испорача на Украина повеќе воени производи, поточно самоодни хаубици „Цезар“. Францускиот претседател истакна дека испораките започнуваат „во реално време, веднаш по објавувањето“. Тој, исто така, вети дека ќе продолжи да го поддржува Киев се додека е потребно, вклучително и во продолжувањето на обуката на украинските војници.
Кога станува збор за договорот кој е во фаза на финализирање, а кој го спомена францускиот лидер, тој содржи безбедносни гаранции за Украина. Макрон вети дека работата на тоа ќе биде завршена во наредните недели. Претходно, сличен договор, во согласност со обврските преземени по самитот на НАТО во Вилнус, во Киев потпиша и британскиот премиер Риши Сунак.
Европејците и ние Французите ќе мораме да донесеме нови одлуки во следните недели и месеци, меѓу другото, за да ја спречиме Русија да победи“, вели тој. Дозволувањето на Русија да победи ќе значи дека правилата на меѓународниот поредок што го дефиниравме повеќе не може да се почитуваат. „Животот ќе стане невозможен за нашите балтички, полски и романски пријатели, а јас не заборавам на Молдавија и на кавкаските држави“, рече Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…