Османи: „Осетлив сум кога гледам елементи на етничка дискриминација“
Многу сум осетлив кога на тоа гледам елементи на етничка дискриминација. Како се ближат изборите, добива вознемирувачки димензии. Затоа што во изминативе две недели, јас предложив и Владата одобри четворица конзули, од кои што двајца не беа Албанци и не се дел од МНР. Тие не беа спомнати, туку само Албанци. Тоа ме вади од кожа. Поттикнуваме синдикатски активизам, но не да се демонизира интеграцијата на Албанците, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи по обвинувањата од Македонскиот дипломатски синдикат за упатувањето дипломати во конзулатите и амбасадите на земјава во Њујорк и Будимпешта.
Според Османи, дел од законот кој што предвидува високо дипломатско звање за конзули е сменет во 2015 година, по предлог на тогашниот министер. Не е обврска во критериумите за конзули да имаат високо дипломатско звање.
-Сегашниот конзул кој се врати од Солун е пратен според законското решение. Тука сум многу осетлив и нема да дозволам етничка дискриминација за синдикално организирање, истакна министерот на денешниот брифинг со новинарите.
МДС обвини дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Македонското МНР со сочувство до Индија по…
Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…
Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…