(Документи) Не спасуваа од „бугаризација“, додека лапаа левови: Како баџанакот на Мицкоски прави милиони евра од фирмата во Бугарија
Лицемерието е веројатно главен белег на политиката на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници.
Човекот кој на народот му ветуваше спас од „бугаризација“ на државата, очигледно нема проблем со бугарската домашна валута, нема проблем членови на неговата потесна фамилија, негови блиски соработници „борци против бугаризација“ да имаат бугарски „происход“, но и фирми во Бугарија.
Таков е случајот со Јорданчо Јанев, брачен партнер на сестрата на сопругата на Христијан Мицкоски кој е еден од најблиските соработници на Мицкоски во партијата, политички активен борец против „бугаризацијата“ кој лицемерно со години заработува милиони во соседна Бугарија.
Имено Јанев на 09.02.2011 година во соседба Бугарија ја регистрира компанијата „Дано Транс“ како единствен сопственик на капиталот. Седиштето на компанијата е во областа Благоевград, општина Перич ,а компанијата се занимава пред и се со транспортна дејност.
Подоле на фотографијата можете да го видите и неговиот потпис.
И не само што овој човек кој ја спасуваше Македонија од „бугаризација“ има фирма во Бугарија туку истата има обрт од неколку милиони евра на годишно ниво, цифри кои во Македонија би ја сместиле компанијата на баџанакот на Мицкоски во една од најсупешните компании.
Компанијата која ја формирал Јанев со основачки влог од само 2 илјади евра во 2011 година само две години подоцна започнала да има обрт кој е во милиони евра. Во 2013 година обртот на компанијата на баџанакот на Мицкоски во соседна Бугарија е речиси 1.3 милиони евра, истиот обрт го има и во 2014-та година, нареднете три години обртот на компанијата на Јанев достигнува речиси 1.5 милиони евра, за во 2018-та година која Мицкоски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ тој да достигне сума од речис 1.6 милиони евра. 2019-та, 2020-та и 2021-ва година обртот на компанијата на баџанакот на Мицкоски се движи од 1,2 милиони евра до речиси 1 милион евра,
И додека баџанакот на Јанев, Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги убедува македонските граѓани дека соседна Бугарија е непријателска држава која ќе ја блокира Македонија на секој чекор во процесот на приклучување кон Европската Унија, неговата фамилија ги ужива бенефитите на една европска економија, правејќи милиони во соседна Бугарија.
Но тоа не е се…
Ова не е единствената компанија во Бугарија во која Јанев имал удел. Имено тој се појавува и како содружник во компанијата „Д Д М ТРАНС”, удел кој подоцна го продава на почетокот на минатата година. И оваа компанија за македонски услови остварува сериозни економски резултати со обрт од отприлика 100-тина илјади евра, од 2013-та година па навака.
Сепак иронијата и лицемерието не завршува тука, па така пред точно три години БГНЕС објави провокативен текст во кој што посочи дека сопругата на Христијан Мицкоски е со бугарски „происход“.
Според текстот кој го објави БГНЕС „Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Рози, има бугарско државјанство. Ова е јасно од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април“, пишува агенцијата.
Во објавата на „Бгнес“ се наведува дека Стевица, кој работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош, што може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување.
Нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев, додава агенцијата, е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица. Тој е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци во Благоевград.
„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако вашите предци се Бугари, тогаш излегува дека и Рози Мицкоска е Бугарка“, заклучува БГНЕС.
И замислете ја сега иронијата, Христијан Мицкоски кому половина од потесното семејство му се има изјаснето како Бугари не поради егзистенцијални причини бидејќи се работи за богата фамилија ќе ја спасува Македонија од „бугаризација“ и Македонецот од „бугаризирање“.
За крај да се потсетиме што му кажа Мицкоски на Борисов на средба за која тој мислеше дека не се снима. Одговорот е едноставен на прашањето на Борисов што ќе правите ако дојдете на власт, Мицкоски, вели „сичкото ште поткрепиме“.
Нема дилеми дека „сичкото ште поткрепат“ затоа што „сичкото е веќе поткрепено“ со милиони левови.
Погледнете што се говореше во „Тешки Муабети“ на темата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светските берзи силно паднаа, тоне ли САД…
Берзите низ Европа и Азија остро паднаа,…
Почина новинарот Саше Димовски
По долги и тешки здравствени компликации, почина…
Амбасадата на САД со порака до Приштина:…
Некоординираните акции на косовската влада ги ставаат…
Американски војници се ранети во ракетен напад…
Најмалку петмина американски војници се ранети, еден…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…