Објавено на:

ДРАМА НА АВИОНОТ ЗА САД: Пијан патник каснал стјуардеса, авионот итно морал да се врати!

t

Јапонски авион кој летал за САД бил принуден да се врати во Токио откако еден пијан патник каснал стјуардеса среде лет. Портпаролот на јапонската авиокомпанија „АНА“ изјави дека патникот, идентификуван како 55-годишен Американец, бил тешко пијан кога каснал стјуардеса за рака, при што полесно ја повредил.

Јапонските медиуми објавија дека патникот ѝ рекол на полицијата дека зел апче за спиење и не се сеќава што се случило. Инцидентот се случил додека авионот со 159 патници бил над Тихиот Океан, кога пилотите решиле да го вратат назад на аеродромот „Ханеда“ во Токио, каде што пијаниот патник ѝ бил предаден на полицијата.

Ова е втор инцидент за оваа компанија во изминатите денови откако во саботата на еден домашен лет била откриена пукнатина на прозорот во кокпитот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…

Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…

Туфегчиќ бара ослободителна пресуда за Ѓорчевски: Обвинението…

Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…

Според Евростат, последни сме во Европа по…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…