Повредениот во експлозијата во Куманово, по укажаната прва помош, во стабилна состојба е префрлен во Скопје

t

Повредениот при пожар од експлозија на плинска боца во Куманово, по укажаната прва помош, во стабилна состојба е префрлен во Скопје, информира ЦУК.

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека денеска по 13.00 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК се добиени повеќе пријави за експлозија и пожар во станбен објект на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, по што веднаш од ЦУК се известени сите надлежни.

Пожарот бил последица од експлозија на плинска боца при што кумановските пожарникари интервенирале на два опожарени стана од 13:35 до 14:35 часот со едно ПП возило и пет пожарникари.

Дежурниот од Брза помош во Куманово во 15:01 часот извести до ЦУК дека интервенирале на санирање на повредите на едно лице, повредено при експлозијата и пожарот. Информација нема за други повредени лица при настанот. Повреденото лице, прво е однесено на хирургија во Општа болница Куманово каде што му е укажана прва помош. Состојбата била стабилна, но сепак, поради сериозноста на изгореници (што биле од втор и трет степен) лицето е пренесено на понатамошно лекување во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Омилената докторка на повредените е нова директорка…

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…