(Видео) Дрон крена во воздух големо складиште на гориво во Русија
Украински беспилотно летало разнесе голем магацин за нафта во руската област Брјанск!
Гувернерот на руската област Александар Богомаз на својот канал Телеграм наведува дека дронот фрлил проектил кон складиште за нафта потиснат од рускиот систем за противвоздушна одбрана.
Беспилотно летало од типот на авион е потиснато со опрема за електронско војување на Министерството за одбрана на Русија. Кога била уништена воздушната цел, муницијата била фрлена на територијата на магацинот за нафта во Клинцовск – вели Богомаз, додека локалните медиуми јавуваат дека според првичните информации нема повредени.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат голем пожар и застрашувачки облак од чад. На терен се 13 противпожарни единици кои се обидуваат да го локализираат пожарот.
Воените блогери потсетуваат дека магацинот веќе бил цел во мај 2022 година.
Министерството за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана во петокот наутро уништиле беспилотно летало од типот на украински авиони над областа Брјанск.
Украинските вооружени сили, гранатираат руски погранични територии и вршат напади со беспилотни летала. Така, во средата на небото над областа Брјанск беа уништени два тактички ракети Точка-У, по што беа пресретнати три украински беспилотни летала.
Регионот е на ниво на жолта терористичка тревога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…