Утре го славиме светиот Јован Крстител: Еве што никако не треба да правите
Утре се празнува Свети Јован Крстител, кој го претскажал Христовото доаѓање и го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Свети Јован, според преданијата, живеел едноставен и аскетски живот, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, а се облекувал во наметки и фустани од влакно од камила. Во реката Јордан го крштевал секој кој ќе се покаел.
Отсечена му е главата по налог на римскиот управител, Ирод Антипе во време на проектератот над Палестина.
Верниците многу често го даваат името Јован на своите деца и кај православните и кај католиците. Православните слават и куќна слава Свети Јован, а католиците најчесто слават именден.
Се верува дека токму на денот на Свети Јован се случуваат разни чуда со помош на овој светител, па оттаму потекнуваат мноштвото народни обичаи врзани токму за овој ден. На денешен ден, верниците не треба да земаат во раце нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован.
На децата на овој ден не им се дава ништо со црвена боја. Ниту јаболки, ниту сок. Не се јаде и пие ништо што е црвено, бидејќи ја симболизира невино пролиената светителска крв.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…
Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Сопругата на Александар Вучиќ: Се затвора едно…
Тамара Вучиќ (45), сопругата на сега веќе…
Поранешна Мис на Швајцарија го обвини Трамп…
Поранешната Мис на Швајцарија и манекенка Беатрис…